
Со купување куќа на море до златна виза
Каде е најдоброто место за купување недвижен имот покрај море? Сè повеќе граѓани одлучуваат да купат недвижен имот покрај море, а Турција, Италија и Грција се од особен интерес, а постапката за купување не е иста насекаде и се разликува од земја до земја. Јелена Дукиќ од порталот nekretnine.rs спомена дека е подобро да се купува во делови кои штотуку се развиваат, бидејќи нудат голем потенцијал во иднина, а цените се попристапни отколку во развиените делови од земјата- пренесува Мондо.
Препорачано
„Грција не дозволува автоматско добивање дозвола за престој само со купување недвижен имот. Оваа земја нуди програма наречена Златна виза за купувачи чиј недвижен имот вреди најмалку 250.000 евра. Оваа виза овозможува престој и слободно патување во Шенген зоната“, вели Дукиќ.
Купувањето недвижен имот во Турција во вредност од најмалку 250.000 евра ќе им овозможи на инвеститорите да добијат дозвола за престој, што им дава право да останат во земјата, но не дозволува вработување. По три години, инвеститорите можат да аплицираат за турски пасош, но под услов да го задржат својот имот, додаде таа.
За престој во Италија, инвеститорите кои купуваат недвижен имот во вредност од најмалку 300.000 евра можат да аплицираат за Инвеститорска виза. Оваа виза овозможува престој во Италија врз основа на деловни инвестиции.
Советот за сите граѓани е дека ако сакаат да инвестираат во недвижен имот покрај море, треба да се фокусираат на области кои штотуку се развиваат, бидејќи нудат прифатливи недвижнини, но имаат потенцијал за раст во иднина, како и да бидат добро информирани за условите за купување и престој во споменатите земји.
„Покрај состојбата на самата зграда, цената на недвижнините покрај море најмногу е под влијание на локацијата – колку е развиена и популарна и привлечна областа за туризам“, велат експерите.