ФОТО: Profimedia

Со цел да се спречи дискриминација, луѓето со ХИВ ќе можат да ѝ се приклучат на францускaта војска

Лицата со ХИВ во Франција наскоро ќе можат да се приклучат на жандармеријата, воените пожарникари и вооружените сили, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни.

Како што јави радио Франс инфо, Лекорни наредбата ја издал на предлог на министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, со цел да се спречи „дискриминација“. Со наредбата ќе се преиспитаат сите критериуми за влез во вооружените сили, со цел да се сменат правилата кои важат од 80-тите години. Лекорни додаде дека конечната одлука ќе биде донесена наскоро и ќе се однесува на жандармеријата, пожарникарите во Париз и Марсеј и вооружените сили.

Дарманин неодамна во својот предлог до министерот за одбрана изјави дека „медицинските критериуми за способност за интегрирање во националната жандармерија или воената противпожарна бригада (во Париз и Марсеј) во моментов не им дозволуваат на лицата со ХИВ пристап до тие професии. Таквата ситуација наметнува потреба од одреден напредок“.

Француското радио потсети дека полицијата ја укина забраната во ноември 2022 година, бидејќи се сметаше за дискриминација при вработување на лицата со ХИВ. Владата тогаш укина дел од примената на општите критериуми за оценување на физичката подготвеност што се користат во неколку професии во јавниот сервис. Според тие критериуми, лицата со ХИВ се класифицирани како неспособни за вршење работа во јавната служба.

Најновите научни студии покажаа дека луѓето со ХИВ кои примаат соодветна терапија не можат да го пренесат вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот