Снежна бура БиХ
Фото: Јутјуб

Снежно невреме предизвика проблеми низ Словенија, под Триглав висината на снежната покривка е 1,5 метар

Снежно невреме во текот на ноќта и утринава предизвика проблеми низ Словенија, а најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде наврнаа метар и пол снег, па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри.

Како што јави словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен прекин на сообраќајот, а поради силно невреме затворена е и делницата од автопатот од Приморска до Љубљана, меѓу Кастелец и Козина.

Големо количество снег падна во регионите Нотрањска и Кочевско, како и во делови од централна Словенија, додека снежна покривка нема само во некои делови на Горењска, јави порталот 24ur.com.

Во главниот град Љубљана висината на снежната покривка е четири сантиметри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот