Загаден воздух во Њу Делхи / Фото EPA-EFE/HARISH TYAGI

Густ смог во Њу Делхи, издадени предупредувања за сообраќаен метеж

Густиот смог денеска го зафати Њу Делхи, поради што беа издадени предупредувања за можен сообраќаен метеж на аеродромите, а лошиот квалитет на воздухот ја намали видливоста во некои делови од градот, објави Ројтерс.

Њу Делхи, кој од почетокот на зимата се бори со смогот и лошиот квалитет на воздухот, е на третото место на листата на најзагадени престолнини во светот, покажуваат податоците на швајцарската групација „IQAir“. Портпаролот на градскиот аеродром изјави дека сè уште нема извештаи за пренасочување или откажување на летови.

На социјалните мрежи, најголемата индиска авиокомпанија Инди-го и Спејс-џет, исто така, ги предупредија патниците за можни доцнења поради временските услови. Медиумите најавија дека застој ќе има и во железничкиот сообраќај.

Според последниот извештај на индиското тело за контрола на загадувањето, квалитетот на воздухот во Њу Делхи е оценет како „многу лош“, со индекс од 351,  пренесува Танјуг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот