Фото: Профимедиа

Сметајќи дека е прескапо, Трамп побара да се запре производството на ковани центи

Американскиот претседател Доналд Трамп (Трамп) синоќа побара од Министерството за финансии да го запре производството на ковани центи, сметајќи дека е прескапо и со цел да се намали јавната потрошувачка.

– Предолго САД коваа монети и тоа е расипништво. Побарав од министерот за финансии да престане да произведува нови центи, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.

Милијардерот Илон Маск, кој ја предводи Комисијата за владина ефикасност (DOGE), го покрена ова прашање во јануари, наведувајќи ги трошоците за производство на центи.

Дебатата за ова не е нова во САД, бидејќи неколку нацрт-закони веќе се претставени во Конгресот, но не се усвоени. Доколку Трамп го потпише указот, американскиот Конгрес најверојатно ќе треба да го одобри.

Трамп го направи намалувањето на владините трошења приоритет за неговата администрација, а ова прашање им го довери на Маск и тимот на комисијата.

Канада престана да произведува центи во 2012 година, поради високите трошоци за производство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот