Славјанка Петровска министерка за одбрана / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Сме протерале руски државјани кои се мешале во државните политики, откри Петровска

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вечерва во гостување на телевизијата „21“ рече дека од земјава биле протерани руски државјани поради вмешаност во државните политики.

Според Петровска, институциите имале и докази за нивна вмешаност.

„Изминатиов период Владата донесе неколку одлуки со кои што беа протерани руски државјани поради тоа што имаше докази за нивна вмешаност во државни политики односно функционирање на институции, онаму каде не треба да бидат вклучени. Очигледно се дел од агентура, мрежа на функционирање. Институциите презедоа чекори и мерки за да стават јасно до знаење дека знаат за тоа дејствување и дека тоа овде не е пожелно“, рече министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот