пиперки
Црвени пиперки - ајварки/Фото: Unsplash

Словенија забрани увоз на албански црвени пиперки, Хрватите и Босанците стопираа албански праски поради вишок на никел и хлопирифос

Словенечката компанијата Геапродукт повлече од продажба црвени пиперки со потекло од Албанија, поради вишок пестициди ацетамиприд, форманат и флоникамид. Производите прво биле спакувани во картонска кутија, а потоа и во пластични кеси. Компанијата ги замолува купувачите да го вратат производот на местото од каде што го купиле. Доколку тоа не е можно, треба да го фрлат во биолошки отпад. Поради вишокот пестициди, производот не треба да се консумира. Лицата кои биле во контакт со контаминираната храна треба да ги дезинфицираат рацете, објави Н1 Словенија.

Во меѓувреме Хрватска и Босна и Херцеговина ги прекинаа испораките на праски од Албанија поради опасни супстанции, објави „Албански дневни вести“. Во албанските праски во Хрватска е пронајдена зголемена содржина на никел. До системот за безбедност на храната на Европската комисија е доставен сигнал со информации дека консумирањето на овошјето претставува потенцијална опасност за потрошувачите.

Откако Хрватска, Босна и Херцеговина ја прекина пратката на праски од Албанија поради високо ниво на пестициди. Поточно, во Босна се пронајдени зголемени нивоа на хлорпирифос, пестицид што може да предизвика штета на здравјето на луѓето. Босанските експерти предупредија да не се консумираат праските од пратката, бидејќи тие веќе се на пазарот, пренесува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот