Милан Предан, амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија

Словенечкиот амбасадор Предан во посета на Државниот архив

Словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан, го посети Државниот архив и разговараше со директорот Емил Крстески, за текот на соработката на Архивот со институциите на Република Словенија.

Предмет на разговор во рамки на состанокот била и најавената студија за комплетна дигитализација на Државниот архив и сите негови одделенија, како и за динамиката на веќе почнатите процеси во тој контекст.

– Амбасадорот Милан Предан му нагласи на домаќинот дека ќе продолжи да го поддржува процесот на дигитализација и севкупната соработка меѓу Државниот архив и институциите од Република Словенија. Директорот д-р Емил Крстески потенцираше дека поддршката од Република Словенија е од особено значење, посебно сега кога се очекува таа да го преземе претседателството со Европската Унија, се додава во соопштението на Државниот архив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот