Фото: Liverpool FC/X

Слот емотивно: Ова требаше да биде лето од соништата за Жота

Фудбалскиот ссвет денеска тагува по Диого Жота и неговиот брат Андре трагично  кои трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Емотивна порака со која изрази сочувство до семејството и опиша за каков човек стануваше збор, испрати стратегот на Ливерпул, Арне Слот.

Холандскиот стратег имаше можност една сезона да работи со Жота, а токму таа сезона Ливерпул ја освои англиската Премиер лига. Жота беше клучен дел од шампионскиот тим и миленик на навивачите.

„Што може да се каже во овој момент? Болката и шокот се преголеми. Би сакал да имам вистинските зборови, но знам дека ги нема. Моите први мисли не се од фудбалска смисла. Тоа се мисли за еден татко, син, брат и вујко. Семејството на Диого и Андре доживеа загуба каква што не може ниту да се замисли.
Мојата порака до нив е јасна – никогаш нема да бидете сами. Фудбалерите, стручниот штаб, навивачите, а од она што го видов денес и поширокото фудбалско семејство, секогаш ќе бидат со вас.
За нас како клуб оваа е апсолутен шок, Диого не беше само наш фудбалер, тој беше сакан од сите нас, соиграч, колега, соработник… и во секоја улога која ја имаше беше навистина посебен. Можам многу да зборувам за тоа што донесе за нашата екипа, но сите кои го гледале, веќе го знаат тоа.
Последен пат кога зборувавме му честитав за освојувањето на Лигата на Нации, му честитав за претстојната свадба. Поради многу работи ова требаше да биде негово лето од соништата и токму затоа срцето уште повеќе нѐ боли.
Кога првпат дојдов во клубот, една од првите песни што ги слушнав беше онаа за Диого. Претходно немав работено со него, но кога видов дека навивачите на Ливерпул, каде што поминале толку многу легенди, имаат песна за него – знаев дека е посебен.
Моето сочувство оди до сопругата на Диого, Руте, нивните три прекрасни деца и родителите на Диого и Андре. Кога ќе дојде време, ќе му оддадеме чест каква што заслужува и ќе се сеќаваме на неговите голови. Сега, ќе тагуваме за загубата – никогаш нема да бидеш заборавен, Диого“, заврши Слот.

Во сезоната зад нас, Жота под водство на Слот настапи на 26 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи шест гола и запишувајќи четири асистенции. Тажна судбина за еден фудбалер кој пред себе имаше многу повеќе за да понуди – и на теренот, и надвор од него.

ФОТО+ВИДЕО | Taжни сцени пред „Енфилд“: Навивачите на Ливерпул се простуваат од Жота

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!