
„Слободен печат“ дознава: Уапсено е лицето од Народна банка, за кое денеска Велибор Манев рече дека го уништило ранецот со пиштолот и моторолите
Штотуку е уапсен вработениот во Народна Банка, З.Д. за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“. Од Обвинителството за „Слободен печат“ потврдуваат дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија.
Препорачано
Манев рече дека се чувствува засрамен, се кае дека бил изманипулиран од Палевски кому душата му ја дал на дланка, му верувал – но бил измамен дека само ќе киднапираат луѓе, а всушност следувале убиства. Манев се расплака и побара прошка зашто како што рече – „испаднал будала“.
– Бидејќи ме нарече лажго и сака да ме набеди дека јас сум ги убил Вања и Панче, еве ќе кажам дека лично тој ми се јави од турска граница и ми рече да му се јавам на З. Д. од Народна банка, член на „Десна“. Рече да му се јавам на З.Д. за тој да го отстрани „пакетот“ од кај него, да го уништи и да го фрли. Потоа го известив дека сум се јавил и сум ја пренел пораката. Лажев за него, иако го има на камерите. Испаднав голема будала која си го зацрни животот и ги изгуби пријателите – рече Манев за ранецот во кој бил пиштолот и моторолите. Ранецот Палевски го нарекувал „пакет“.