Фото: Википедија

Слободен печат дознава детали за ,,печатницата” за фалсификат-дипломи во Струга

Печатницата за лажни, фалсификувани дипломи во Струга, која од својот комјутер ја водел 34-годишниот Д.М. имала свој клиент кој како купувач што платил пари за да го добие фалсификатот – сакал да се вработи во Македонија, дознава Слободен печат од свои доброупатени извори вклучени во истрагата.

Според нашите потврдени информации, станувало збор за исклучително висококвалитетен фалсификат на диплома која не била реална. На дипломата стоело името на училиште за средно насочено образование а купувачот, таквата купена диплома, се обидел да ја прикаже како вистинита за вработување. Извори од истрагата тврдат дека засега имаат откриено само една таква испечатена диплома која имало обид да се пушти во правен промет за вработување, но не се исклучува можноста да има и други. Тоа треба да го покаже истрагата која е во тек. Канцеларијата за криминалистички истраги во Струга поднесе пријава против 34-годишниот фалсификатор од Струга за кривично дело фалсификување документи.

Екипи на МВР упаднале во неговиот дом на 4 јуни при што се откриени и запленети неавтентични дипломи.

Запленет е и компјутер во кој имало содржечки датотеки употребени за производство на таквите документи.

ОВР Струга, во координација со јавното обвинителство, презема дополнителни натамошни мерки за целосно расветлување на настанот.

Полицијата и обвинителството не го откриваат името на средното стручно училиште за да го заштитат неговиот углед, а засега не истражуваат ни дали училиштето е на некој начин вмешано во оваа илегална продажба на ,,образование”.

Инаку предлог министерката за образование и наука Весна Јаневска најави ревизија на високообразовните институции кои со години ги следат скандали за купување на дипломи, ниски стандарди и продуцирање на неквалитетен кадар кој потоа лесно наоѓа позиции во администрацијата и државните институции. Последен скандал во низата со приватните универзитети беше оној со Меѓународниот универзитет во Струга, познат како Универзитетот на Мерко, кој деновиве доби, па ја загуби акредитацијата за медицински науки. Со потписот на министерот Јетон Шаќири ќе се отвореше Виша медицинска школа за сестри, но Одборот за акредитација ја повлече претходно донесената одлука.

Купувањето дипломи мора да запре, ќе се затворат тие високообразовни институции, најави Јаневска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот