Трајко Славевски - Гувернер на народна банка - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Трајко Славевски - Гувернер на народна банка / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Славески: Трите најголеми банки ги намалуваат надоместоците за платежни услуги

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изјави дека трите најголеми банки во земјава (Стопанска, Комерцијална и НЛБ Тутунска) наскоро ќе ги намалат надоместоците за платежни услуги кои беа причина за реакции од граѓаните. Во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ „24“, тој изрази очекување дека и другите банки ќе го следат овој пример.

„Нашата интервенција во SIBPM ослободи значителна количина средства за банките и ги намали нивните оперативни трошоци. Ова создаде простор за префрлање на дел од овие заштеди на клиентите, преку намалени надоместоци – нешто што веќе го гледаме како резултат“, изјави Славески.

Тој вели дека Народната банка, иако е регулатор, води континуиран дијалог со банкарскиот сектор и дејствува како партнер со цел унапредување на услугите и зголемување на задоволството на корисниците.

„Разговараме со банките за да одиме чекор понатаму – кон разумна и општествено одговорна тарифна политика. Тоа не е само во интерес на клиентите, туку и на банките, кои преку вакви потези го зајакнуваат својот имиџ и јавната доверба“, вели Славески.

Тој очекува и другите банки наскоро да го следат примерот на трите најголеми банки во земјата.

„Народната банка ќе продолжи да биде посветена на создавање регулаторна рамка што ќе го промовира развојот на квалитетни и ефикасни финансиски услуги достапни за сите граѓани и компании во земјата“, велат од Централната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот