Славески е против прогресивен данок: Рамниот данок ја зголемува финансиската дисциплина и е одобрен од стопанството

„Ме радува констатацијата дека со воведување на рамникот данок кој што има жестоки критичари се зголемила финансиската дисциплина. Не е случајно што таа реформа е како мачка со девет животи, сакаат да го уништат ама некако никако не успеваат, рече Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ВИН ВИН на Телма.

Од она кое што јас го имам како сознание, бев со група економисти во Министерството за финансии на таа отворена дебата, воведувањето на прогресивно оданочување е само една од десетина други мерки со кои што се предвидува да се зголеми даночната наплата за околу 54 милиони евра, истакна Славески.

Славески нагласи дека кога владата на ВМРО-ДПМНЕ го воведе рамниот наместо прогресивниот данок, имале поддршка и од стопанството, посочувајќи дека голем број на експерти укажуваат на негативни ефекти од евентуалното зголемување на даноците кое што го најавува власта.

„Кога ја воведовме таа реформа со рамен данок имаше поддршка од бизнисот, коморите отворено застанаа, а сега како што гледате коморите се против. Има и многу експертски укажувања кои укажуваат на низа негативни ефекти кои што би настанале не само со евентуалното зголемување на даноците, преку воведување на даночната прогресија , туку и другите мерки, на пример укинување на ослободувањето за реинвестирана добивка“, рече тој.

Славески објасни дека укинување на мерката за реивестирање на профитот негативно ќе влијае врз економијата, бидејќи тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја вовела оваа стимулативна мерка за да може компаниите профистот да го инвестираат наместо парите да ги изнесуваат надвор од државата.

Кога сме кај реинвестираната добивка, мислам дека беа изнесени толку аргументи, и допреа до ушите на креаторите на економските политиките во случајот предлагачот Министерството за финансии да се отстапи од таа мерка, затоа што внимавајте во 2008 година откако претходно беше воведена оваа стимулативна мерка да се реинвестира профистот, да не се изнесува надвор од државата, а инаку секоја реинвестира добивка додава, а и по методологијата тоа се и странски директни инвестиции. не само то, туку по оној ладен туш кој што го доживеавме да не станеме земја членка на НАТО, на тогашната блокада, ние барајќи дополнителни начини за стимулаци го применивме естонскиот модел односно нераспределената добивка беше ослободена, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!