Фото: СУГС „Никола Карев“

Скопската гимназија „Никола Карев“ прво пет френдли училиште во Македонија

Утре во 12 часот, во скопската гимназија „Никола Карев“ ќе се промовира првиот пет френдли (??? ????????) училишен клуб, со што „Никола Карев“ ќе стане првата пет френдли гимназија во земјава. Станува збор за хуманитарен настан за помош на бездомните животни, зад чија организација стојат ученици и професори од гимназијата.

На настанот ќе бидат присутни претставници од ЈП Лајка, од невладините организации за заштита на животните, како и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина.

„За бездомните животни ќе може да се донираат храна, ќебиња, играчки и слично, а дополнително ќе биде организиран хуманитарен базар каде ќе се продаваат разни рачни изработки. Исто така, овој настан ќе биде одлична можност за отворање на многуте прашања за проблемите што скопските населби ги имаат со кучињата скитници“, информираат од гимназијата.

Присутните на настанот ќе имаат можност да се запознаат со кучето Коста – омилениот меѓу учениците, кому гимназијата „Никола Карев“ му стана дом. Тој ќе добие своја куќичка, топли прекривки и храна. По желба, ќе може да се организира „интервју“ со Коста.

Од гимназијата велат дека ќе се води секојдневна грижа и за повеќе локални бездомни кучиња и мачки, за кои се подготвени четири куќички.

Настанот е вовед и во големиот јубилеј на гимназијата „Никола Карев“ – 80 години постоење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот