
Скопје го добива четвртото издание на Скопскиот Градски Фестивал
Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи од 11 до 13 мај на повеќе локации и носи возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите балкански и европски музичари. Во рамки на Фестивалот, од 26 мај до 5 јуни, ќе се одржи и изложба на македонски музички плакат
Препорачано
11 мај (четврток), Фросина,МКЦ:
Елвис Станиќ
Најпознатиот хрватски џез музичар, извонреден гитарист, мулти-инструменталист и продуцент, со долгогодишна успешна регионална и меѓународна кариера. Лидер е на групата Elvis Stanic Group со која настапувал на џез фестивали во САД, Англија, Холандија, Австрија, Италија, Турција, Германија, Норвешка, Грција, Унгарија, а два пати настапил и на најпознатиот и најголем светски џез фестивал во Montreaux.

AJS Quartet (Albanian Jazz Society Quartet)
Квартет составен од најпознатите џез музичари во Албанија: Gent Rushi – пијано, Ermal Rodi – саксофон и флејта, Roni Gjura – бас, Emilijano Dhimo – тапани. Квартетот има успешна регионална и меѓународна кериера.

12 мај (петок), малата сала во Филхармонија
Биља Крстиќ и Бистрик Оркестар
Биља Крстиќ и Бистрик имаат долгогодишна успешна кариера, со голем број настапи на сите континенти, со добиени голем број награди и признанија, музика создадена за филмови и ТВ серии, 5 студиски албуми и 2 албуми со филмска музика. Голем дел од репертоарот на Биља Крстиќ и Бистрик се обработки на македонски традиционални композиции, кои ќе бидат изведени на концертот на Скопски Градски Фестивал.

13 мај (сабота), камерната сала, Филхармонија
Бобан Мирковски
Пијанистот Бобан Мирковски ќе го промовира својот најнов музички проект со наслов „АЛБУМ„, кој содржи 12 врвни македонски композиции изведени на пијано. На концертот ќе бидат изведени некои од најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001 година. Сите композиции ќе бидат изведени со нови аранжмани, специјално создадени за оваа пригода.

26 мај – 5 јуни, МКЦ
Изложба на македонски музички плакати. На изложбата ќе бидат претставени плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении, и ќе биде своевиден пресек на музичкиот дизајн кај нас и документ за 30 годишното постоење на македонската музичка сцена.