
Скелети од лилјаци стари 52 милиони години се најстарите откриени досега – и раскажуваат „навистина чудна“ приказна
Два фосилизирани скелети на лилјаци откриени во западен Вајоминг припаѓаат на досега непознат вид и се најстарите коски на лилјаци досега откриени, а нивната старост е околу 52,5 милиони години, ги објавија најновите откритија холандските научници, пишува „Национална географија“.
Препорачано
Неверојатно целосните фосили на лилјакот Icaronicteris gunnelli потекнуваат од варовнички карпи кои се наталожиле како езерски седименти пред околу 52,5 милиони години, известуваат палеонтологот за ‘рбетници Тим Ритберген и неговите колеги од Центарот за биодиверзитет „Натуралис“ во Лајден, Холандија.
Скелетите на неколку други видови лилјаци, вклучително уште еден од родот Icaronicteris, пронајдени во истите варовници, наречена Грин Ривер, се зачувани најмалку 40 сантиметри над новиот вид фосил, што сведочи дека тие се помлади, рекол Ритберген, објави пред два дена „Саенс њуз“ (Science News).

Ритберген истакна дека анализата на новопронајдените скелети покажува дека видот лилјаци Icaronicteris gunnelli имал распон на крилјата што е седум проценти помал од распонот на крилјата кој го има најблискиот познат роднина на лилјакот.
Лилјакот од видот Icaronicteris gunnelli тежел приближно помеѓу 22,5 и 28,9 грама, што е половина потешко од тениско топче, пресметал тим холандски научници.
„Овие скелети се ‘големо откритие’“, вели палеонтологот за ‘рбетници од Универзитетот во Чикаго, Це-Си Луо, кој не бил вклучен во студијата.
Палеонтологот за ‘рбетници од Универзитетот во Западен Онтарио во Канада, Брок Фентон, кој исто така не бил вклучен во истражувањето, рекол дека откритијата нè водат поблиску до сознанието од кој вид еволуирале лилјаците, бидејќи нивниот скелет е многу сличен со скелетот на современите лилјаци.
Најстарите познати лилјаци во светот живееле пред околу 56 милиони години, но фосилите од тие видови главно се сведени на заби, а не на цели скелети.