Бискупот од Ливерпул Џон Перамбалат е обвинет за сексуален напад/Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Скандал во Англиканската црква: Бискупот од Ливерпул обвинет за сексуални напади

Бискупот на Ливерпул Џон Перамбалат е обвинет за сексуален напад на една жена и малтретирање на друга, објави британскиот Канал 4 за најновиот од серијата скандали што ја потресоа Англикансата црква во последните месеци.

Во писмената изјава испратена до новинската агенција Ројтерс, Перамбалат ги негира обвинувањата, уверувајќи дека целосно соработувал со комисијата што ја презела истрагата во рамките на Англиканската црква.

Според извештајот на Канал 4, една жена го обвини Перамбалат за сексуален напад помеѓу 2019 и 2023 година, додека друга го обвини за малтретирање.

„Обвиненијата споменати во емисијата (Канал 4) се однесуваат на состаноци што се одржаа на јавни места, со други присутни“, вели Перамбалат, додавајќи дека полицијата истражила еден од тие случаи без да смета дека е соодветно да преземе дополнителни дејствија.

„Иако знаев дека не сум виновен, сериозно ги сфатив лекциите што ги научив од овој процес за тоа како моите постапки можат да бидат сфатени од другите“, додава бискупот од Ливерпул, нагласувајќи дека тоа ќе ја олесни понатамошната истрага на случаите доколку се смета дека е потребно.

Џастин Велби, надбискупот од Кентербери и духовен водач на Англиканската црква, беше принуден да поднесе оставка во ноември минатата година, откако извештајот заклучи дека не сторил доволно за да го спречи адвокатот кој малтретирал – физички, психолошки и сексуално – десетици момчиња и млади мажи во периодот од 1970 година наваму во црковни летни кампови.

Друг поранешен надбискуп на Кентербери, Џорџ Кери, беше принуден да поднесе оставка од своите пасторални должности поради наводите дека го вратил свештеникот Дејвид Тудор, кој беше протеран од англиската црква кон крајот на 1980-тите поради наводите за сексуална злоупотреба.

Канал 4 објави дека постојат наводи за обид за прикривање од страна на привремениот водач на Англиканската црква, Стивен Котрел, во случајот со бискупот од Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот