Католички свештеници / илустрација / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Скандал: Грчки свештеници переле пари преку ноќни клубови

Двајца високи функционери на Католичката црква во Грција се под истрага од страна на властите во Атина за наводна проневера на 3 милиони евра од црквата, објави Euronews.

Истрагата спроведена од Грчката управа за борба против перењето пари, открила дека парите на Католичката црква завршувале во ноќни клубови во Грција. Таа веќе ги замрзнала банкарските сметки и средствата на пет сопственици на ноќни клубови во јужниот регион на Пелопонез.

Банките ги идентификувале овие трансакции како „сомнително движење на пари“, поради што е започната детална проверка со цел да се мапира позадината и да се идентификува реалниот број на лица инволвирани во случајот.

Во текот на истрагата се појавиле индиции за тешки кривични дела како проневера и перење пари.

Последниот сомнителен нелегален трансфер од 50.000 евра се случил пред само неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот