ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Ситни трикови на грофот од Зајас“, му одговорија на Османи од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир рече дека ВМРО-ДПМНЕ испраќале емисари во ДУИ за да им нудат влез во владата, од ВМРО-ДПМНЕ стигна демант во кој велат дека ова се „ситни трикови на грофот од Зајас“.

Измислици и сценарија се изјавите на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи дека ВМРО-ДПМНЕ испраќа „емисари“ кај ДУИ со предлог за влез во Владата по изборите, Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка. ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порачува: единствените „емисари“ што ги праќаме се оние кои ја носат пораката на народот, а тоа е одговорност за криминалниот картел ДУИ – СДСМ. Одговорност за Али, Заев, Филипче, Груби и Османи. Токму на локалните избори овие две структури конечно и формално ќе завршат таму каде што одамна им е местото, на буништето на историјата, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција. 

Оттаму го нарекоа Османи „последниот портпарол на криминалниот картел кој граѓаните го препознале“.

-Но, неговата одбрана е залудна. Нема повеќе политичко мешетарење, нема пазари зад грбот на народот. Во октомври ќе има јасна пресуда, пресуда на граѓаните кои ќе ги испратат картелот на СДСМ и ДУИ во политичка пензија, а правдата ќе биде задоволена. Зашто таа има име и презиме, а одговорноста мора да се испорача, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Османи: Ни праќаат „емисари“ од ВМРО-ДПМНЕ, да сме влезеле во владата зашто Влен губи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот