фото: Слободен печат, Протести пред владата за поддршка на Палестина

Писмо до Сиљановска и Муцунски: Одбивањето на Македонија да ја признае Палестина е соучесништво во геноцид

Иницијативата „Сите за Палестина“ во писмо испратено до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски оцени дека одбивањето на Македонија да ја признае Палестина претставува соучесништво во геноцид. Во писмото, организацијата истакнува дека признавањето на Палестина не е „импулсивен“ или „емоционален“ чин, туку е во согласност со меѓународното право и историската правда.

Не е време да реагираме емотивно, вели Муцунски за признавањето на Палестина: „Мораме да сме дисциплинирани и внимателни“

Според иницијативата, Генералното собрание на ООН уште во 2012 година ја призна Палестина како држава-набљудувач, а денес повеќе од 140 држави ја имаат признаено. Македонија, пак, со своето одбивање останува во малцинството, заедно со земји кои систематски го блокираат правото на самоопределување на Палестинците.

Иницијативата потсетува дека како членка на ООН, Македонија има обврска не само да не врши геноцид, туку и активно да го спречува. Признавањето на Палестина, тие велат дека е една од мерките со кои може да се заштити палестинскиот народ од апартхејд и окупација.

Организацијата повикува Владата и Министерството за надворешни работи: да ја признаат Палестина, да прекинат дипломатски односи со држави кои овозможуваат геноцид и да воведат санкции против Израел, на економски, образовни и културни нивоа.

– Муцунски признава дека позицијата на Македонија се диктира од „стратешките партнери“ како САД – држава која ја вооружува и поддржува израелската окупација. Тоа не е дисциплина, туку покорност на туѓи интереси. Во исто време, неколку европски земји (Шпанија, Ирска, Норвешка, Словенија) ја признаа Палестина. Шпанија и Колумбија презедоа активни мерки и санкции за да го спречат геноцидот. Дали нивната одлука е „импулсивна“? Италија испрати поморска помош за Глобалната Сумуд Флотила хуманитарна цивилна мисија, која Израел ја бомбардираше три пати во последниве 2 недели – се вели во писмото.

Молкот и неодлучноста не се дисциплина, туку срам за меѓународната репутација на Македонија и соучесништво во едно од најголемите историски злосторства, додаваат тие.

Зошто Палестина мора да се признае токму сега?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот