Зимска опрема на возила, Фото: Архива

Сите возила задолжително да носат ланци во багажникот, а камионите лопата

Сите автомобили, автобуси, комбиња и камиони од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Секој возач кој нема да ги почитува пропишаните прописи, ќе биде казнет со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност.

Според законските прописи, синџири за снег потребно е да поседува секое возило додека товарните возила треба да имаат и прирачен алат – лопата. Синџирите за снег задолжително се користат кога има многу снег или голомразица, без оглед дали возите низ град или по автопат.

За моторните возила со најголема дозволена маса до 3,5 тони задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 mm, а ако имаат летни гуми со 4 mm длабочина на шарата, обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

За моторните возила со погон на сите тркала (4×4), пак, се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm или летни пневматици со минимална длабочина од 4 mm доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

За моторни возила чија најголема дозволена маса надминува 3,5 тони задолжителни се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6 mm, а ако има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, треба да има и соодветни синџири за снег.

Автобусите и товарните возила кои не можат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат – лопата.

Покрај обврската за носење зимска опрема, „Слободен печат“ ви препорачува во вашиот автомобил да имате и лопати за отстранување снег, различни четкички за стакло, спреј за одмрзнување на брави, кабли за стартување на возилото, кофа со песок, стара крпа, метла, ќебе, ракавици и многу други работи што можат да бидат драгоцени доколу се најдете во непријатна ситуација, односно доколку останете заглавени во снег.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот