Шерон Озборн и Лијам Пејн / Фото: EPA

„Сите те изневеривме“: Шерон Озборн со критики за музичката индустрија по смртта на Лијам Пејн

Шерон Озборн, сопругата на легендарниот „татко на хеви металот“ Ози Озборн, се огласи за смртта на Лијам Пејн, кој почина во средата по трагичен пад од третиот кат од хотел во Буенос Аирес.

Озборн изјави дека „сите го изневериле“ и сподели фотографија од него.

„Лијам, срцето ме боли. Сите те изневеривме. Каде беше оваа индустрија кога ти требаше? Ти беше само дете кога влезе во една од најтешките индустрии во светот. Почивај во мир пријателе“, напиша таа.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Да потсетиме, Лијам Пејн влезе во светот на музиката на 14-годишна возраст. Потоа се пријави на аудиција за „Икс Фактор“, шоу во кое Шерон своевремено беше член на жирито. Две години подоцна се врати на аудиција, а потоа стана дел од бендот „Уан дајрекшн“.

Шерон Озборн не беше во жирито кога се натпреваруваше Пејн, но тие се познаваа преку поранешниот менаџер на „Уан дајрекнш“ – Сајмон Кауел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот