Сите се луди за карфиолот, ама не претерувајте со него зашто има и една негативна страна

Од пред неколку години карфиолот кој беше запоставена намирница стана вистинска ѕвезда меѓу зеленчукот.  

Карфиолот е одличен извор на витамин Ц, но и на калиум и фолат, значи е вистинска ризница на здравје. Изобилува со важни хранливи состојки и витамини, а го подобрува и имунитетот. Богат е и со витамин Б, магнезиум, калиум, и ниацин што го прави одличен за крвта и здравјето на коските. Затоа, треба редовно да се наоѓа на нашето мени. Може да се конзумира на бројни начини – од сварен до прежен, во вкусно смути, во супа и во облик на пире.

Некои истражувања покажале дека карфиолот може да го намали ризикот од рак на дебелото црево, на уста, грло, бели дробови, желудник и рак на дојка. Исто како и брокулата, карфиолот е полн со антиоксиданси и нутриенти за детоксификација.

Сепак, нутриционистите предупредуваат дека малку треба да внимаваме со оваа намирница. Имено, карфиолот содржи јагленоходрати наречени рафиноза кои телото не може потполно да ги свари. Затоа некои луѓе имаат проблеми со надуеност и гасови.

Исто така, и влакната на карфиолот, иако се добри за телото, можат да провоцираат гасови и надуеност. Тоа особено е изразено доколку претходно не сте биле на исхрана која е полна со растителни влакна и одеднаш сте почнале да конзумирате многу карфиол. Дајте му на вашиот организам време да се прилагоди, постепено зголемувајте ја малку по малку количината на карфиолот која ја конзумирате и при тоа пијте многу вода.

Не треба да се заборави дека карфиолот содржи и витамин К кој помага во згрутчување на крвта. Некои лица кои земаат лекови за разредување на крвта се советуваат на диети со мал внес на витамин К, па докторите предупредуваат дека наглата промена на внес на витамин К во поголеми дози може да доведе до здравствени проблеми, како и до крварење.

Ако почнете да јадете многу карфиол, а при тоа пиете средства за разредување на крвта, задолжително консутирајте се со доктор.

Значи, уживајте во карфиолот на сите начини – само умерено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот