
Сите пензионери ќе добијат по илјадарка во предизборното покачување
Владата најави дека септемвриската пензија ќе стигне со фиксен додаток од 1.000 денари за сите пензионери, а исплатата почнува следната недела.
Препорачано
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ова е „првичната корекција“ во рамки на новиот модел за линеарно зголемување, со втора „рата“ од уште по 1.000 денари напролет. Планот, според него, треба да донесе вкупно 7.000 денари повеќе по пензионер — над ветените 5.000 во кампањата.
Ова е третпат за една година пензиите да растат со фиксен износ: во септември 2024 тие беа зголемени за 2.500 денари, толку и во март 2025 — сега следи 1.000, па уште 1.000 на пролет.
Аргументите на власта за линеарното покачување беа дека на тој начин повеќе растат најмалите пензии, но со оглед на покачувањата на цените на храната и основните производи, илјада денари повеќе тешко дека ќе значат многу и за социјално најзагрозените пензионери.
Иако е најавен пред повеќе месеци и објаснет како дел од тековен план, потегот на власта за покачување на пензиите непосредно пред избори, и кога го најавија наиде на критики кај дел од експертите, кои го оценија како предизборен маркетинг со државни пари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
25мин
-
54мин
-
60мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5