Сирија ја извезе првата пратка сурова нафта по 14 години

Сирија денес извезе 600.000 барели сурова нафта од пристаништето Тартус, објави сириски службеник за енергија. Ова е првата извезена пратка сурова нафта за 14 години.

Во 2010 година, Сирија извезуваше 380.000 барели нафта дневно. Тоа беше една година пред протестите против претседателот Башар ал-Асад да се претворат во речиси 14-годишна војна што ја уништи економијата и инфраструктурата на Сирија, вклучително и производството на нафта.

Поголемиот дел од нафтените полиња се на територија под контрола на Курдите. Асад беше соборен од власт минатиот декември, а исламистичката влада што го замени вети дека ќе ја оживее сириската економија.

Ријад ал-Џубаси, помошник-директор за нафта и гас во сириското Министерство за енергетика, изјави за Ројтерс дека тешката сурова нафта била продадена на глобалната фирма за трговија со нафта „Б Серв Енерџи“.

Поголемиот дел од нафтените полиња на Сирија се на североистокот на земјата, на територија под контрола на Курдите. Нивните власти почнаа да испраќаат нафта во Дамаск во февруари, но односите оттогаш се влошија поради загриженоста за инклузијата и правата на малцинствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот