фото: EPA-EFE

Сирени за ракетен напад во северните делови на Израел на еврејскиот празник

Сирените денеска се огласуваат во северните делови на Израел поради ракетните напади од Либан, во време кога Евреите го слават празникот Јом Кипур, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Предупредувања се огласија во неколку градови, меѓу кои Сафед, Рош Пина, Мачанаим, Бириех, Хазор Хаглилит, Кадита, Амука, Бар Јокаи и Далтон.

Сирени се огласуваат и во пограничниот град Маргаљот, како и кај Назарет.

Израелската армија (ИДФ) објави дека соборила ракета која била истрелана од Либан кон централна Галилеја.

Нема извештаи за повредени или евентуална материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот