Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Ви препорачуваме
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Синовите на милијардерот Босов се сомневаат дека е убиен, а сега дојде и до пресврт во истрагата
Сопругата и чуварот го нашле неговото тело во теретаната, наводно пиштолот му бил во рака. Не оставил проштално писмо.
Двајцата синови на „рускиот барон“ на јагленот е пронајден мртов во својата приватна теретана се сомневаат дека нивниот татко е убиен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Рускиот милијардер Дмитриј Босов и татко на пет деца, е пронајден мртов во својата куќа во московското предградие, а официјални лица велат дека се работи за самоубиство. Телото на Босов го пронајде неговата сопруга Катерина.
Извори за весникот „Комерсант“ изјавија дека сопругата на бизнисменот, кој престанал да одговара на пораките, се посомневала дека нешто не е во редч. Враќајќи се дома, заедно со чуварот ги погледнала снимките од надзорните камери и видела дека Босов влегува во нивната теретана. Вратата била заклучена од внатре.
Го нашле неговото тело, наводно пиштолот му бил во рака. Не оставил проштално писмо.
Меѓутоа, неговите полнолетни синови побараа детална истрага за да се утврди дали станува збор за убиство, пишува весникот „Московски Комсомолец“.

Познато е дека Босов, кој често се фалел дека ќе живее 100 години, неодамна бил опседнат со безбедноста на своите деца.
Постарите синови на Босов, Артион (29) и Антон (24) се загрижени поради сомнителните околности под кои нивниот татко починал. Нивната загриженост, како што се чини, ја дели и рускиот Истражен комитет кој засега смртта ја третира како „сомнително самоубиство“.
Извор близок до семејството го опиша Босов како човек кој „секогаш учествувал во животите на своето семејство и кој се грижел за нив на секој можен начин“.
– Невозможно е да сакал вака да оди – додаде извор.
Претседателот на Националниот одбор за борба против корупција Кирил Кабанов рече дека не верува дека така „богата и успешна личност би се самоубила“.
Откако се расчу за смртта на милијардерот, откриено е дека Анатољ Биков, неговиот деловен партнер со кој соработувал во 90-тите години, е уапсен под сомнение дека нарачал две убиства. Се верува дека Босов бил повикан да сведочи против Биков.
Босов бил главен акционер и претседател на управниот одбор на групата Алтек, која ги контролира производителите на јаглен „Сибантрацит“, „ВостокУгол“ и други компании.
Според листата на милијардери на Форбс, Босов бил 86. најбогат Русин, а неговото богатство се проценува на 1,1 милијарди долари.
Меѓутоа, поради пандемијата од коронавирус, деловните партнери на Босов не биле во добра форма. Се работи за приватни компании кои не објавуваат јавно податоци, но руските медиуми пишуваат дека цените на антрацитот паѓаат, а залихите само се трупаат и нема кој да ги купува.
Новинската агенција РБК ги цитираше познаниците на Босов како велат дека неговите бизниси биле во проблеми од почетокот на годината, кога почнал да го распродава имотот и да отпушта работници.
На почетокот на минатиот месец, Босов го отпуштил својот партнер во компанијата за јаглен ВостокУгол, Александр Исаев, поради наводна злоупотреба на положбата и проневера. Исаев поднесе тужба за клевета.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
22мин
-
29мин
-
54мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5