Шер со синот Елајџа / Фото: GVK /Bauer Griffin /Profimedia

Синот на Шер се предозирал: Итно e префрлен во болница, се бори за живот

Елајџа Блу Алман (48), најмладиот син на музичката икона Шер, е однесен во тешка состојба во болница во Калифорнија откако се предозирал со наркотици.

Драмата се случила во саботата наутро, а Елајџа бил итно примен во ургентниот центар во Џошуа Три, каде што во моментот е на интензивна нега. Неговата состојба останува неизвесна, но извор близок до семејството тврди дека имал „огромна среќа што преживеал“.

Додека нејзиниот син се бори за живот, Шер е целосно скршена, но таа не се откажува.

– Правам сè што можам за да му помогнам – рекла пејачката, која се обидува дење и ноќе да му пружи најдобра грижа и поддршка на својот син, со кого имаше комплициран однос со години поради неговата долгогодишна борба со зависноста.

Елајџа Блу е син на Шер и покојниот рокер Грег Алман, кој самиот се бореше со пороците со години и на крајот почина од рак на црниот дроб во 2012 година, што многу лекари го припишуваат на злоупотреба на супстанции, пишува Ти-ем-зи.

– Неколкупати бев на работ на смртта. Чувствував дека нема враќање назад. Се обидував да бидам внимателен, но со дрогата тоа не постои – рекол тој во едно интервју во 2017 година.

Неговата зависност довела до сериозни семејни проблеми, а лани дури до дошло и до судска постапка кога Шер побарала старателство над својот син, тврдејќи дека тој е „неспособен да управува со сопствениот живот и пари“ поради сериозни проблеми со менталното здравје и дрогата.

По месеци судски процес, мајката и синот постигнаа договор, а Шер во тоа време рече дека преживувањето на нејзиното дете е најважно за неа.

Шер најмила луѓе да го киднапираат нејзиниот син: Не сакала да се смири со сопругата

ФОТО+ВИДЕО | „Никогаш не се чувствувала толку секси“: Шер се појави на ревија со 40 години помладото момче

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот