Ал Сади Гадафи / фото: Дојче Веле

Синот на Гадафи оставил „Кадилак“ на паркинг од хотел 15 години, сега треба да плати 400.000 евра

Синот на поранешниот претседател на Либија и поранешен фудбалер на италијанска Сампдорија, Ал Сади Гадафи, пред 15 години цела недела уживал во хотел со пет ѕвезди, за потоа без најава да си замине од хотелот, без да ја плати сметката. Но, тој тогаш го оставил својот џип „Кадилак Ескалејд“ на паркингот на хотелот, кој сега му бара околу 415.000 евра за да си го земе,

Сега екс фудбалерот Ал Сади Гадафи треба да плати 415.800 евра ако сака да си го врати скапиот автпомобил, пишува „Дејли Мејл“.

Фудбалерот во 2007 година престојувал во хотелот „Екселзиор“ со пет ѕвезди во Рапало, на италијанската ривиера, во времето кога играше фудбал за италијанскиот клуб Сампдорија и редовно организираше раскошни забави во својот стан.

Меѓутоа, кога доби отказ од клубот, тој го напуштил хотелот без да ја плати сметката од 400.000 евра и го оставил џипот со мотор од 6.200 кубни сантиметри на паркингот пред хотелот. Синот на покојниот либиски диктатор Моамер ел Гадафи 15 години ги игнорирал писмата во кои хотелот барал да ја подмири сметката.

На крајот, хотелот го даде Гадафи на суд, по што му беше наложено да го плати својот долг, како и 4.330 долари за судски такси, доколку некогаш сака да го врати автомобилот.

„Чекавме 15 години г-дин Гадафи да си ја подмири сметката. Во последните неколку години, многу пати се обидовме да го решиме овој проблем, но безуспешно. Дури и контактиравме со либиската амбасада во Рим, но тие не можеа да помогнат“, изјави директорот на „Екселзиор“, Алдо Вердин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот