Избори во Романија / Фото: Daniel MIHAILESCU / AFP / Profimedia

Симион и Антонеску се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Романија

Кандидатот на опозицијата од крајната десница, Џорџе Симион, и кандидатот на владејачката коалиција, Крин Антонеску, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Романија, објави Централната изборна комисија по пребројувањето на гласовите со 80 проценти од гласовите.

Затворени гласачките места на претседателски избори во Романија, Симион води со речиси една третина од освоените гласови

Според овие податоци, лидерот на Алијансата за обединување на Романците, Симион води со 40,78 проценти од гласовите, а по него следува Антонеску со 21,32 проценти.

Градоначалникот на Букурешт, Никусор Дан, е следен со 18,37 проценти и поранешниот премиер Виктор Понта со 14,60 проценти , јавуваат романските медиуми.

Денеска во Романија се одржаа повторени претседателски избори.

Излезноста беше повеќе од 53 проценти.

Вториот круг од изборите е закажан за 18 мај 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот