
Силувачот Менди префрлен во озлогласен затвор во Манчестер
Бенжаман Менди, фудбалерот на Манчестер сити кој е обивинет по седум точки за сексуално злоставување, е префрлен во еден од најопасните и најдобро чуваните затвори во Англија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Менди е префрлен во затворот Стрејнџвејс во Манчестер во кој се сместени затвореници кои се окарактеризирани како опасни.
„Стрејнџвејс е еден од најсторгите затвори во Англија, но негов друг проблем ќе бидат навивачите на Манчестер јунајтед кои се наоѓаат во него. Во ноќите постојано ќе се извикува неговото име за да го остават без сон, посебно бидејќи е обвинет за силување“, пишува таблоидот „Сан“.
Таблоидот пишува дека обвинетите за силување не се популарни меѓу затворениците и тоа би можело да му предизвика дополнителни проблеми за Менди.
– Во затворот има многу навивачи на Сити, но ќе им биде тешко да го бранат наводниот силувач“, пишува „Сан“.
Според вработените во затворот Стрејнџвејс, затворениците обично 22 часа поминуваат во своите ќелии, но ниту тоа не им гарантира дека се безбедни.
„Менди е преместен бидејќи неговиот случај е познат. Тоа би можело да доведе до проблеми со неговата безбедност и сметаме дека затворската категорија А би било подобро опремена за решавање на било каков потенцијален проблем“, објави управата на затворот.