Средба на Сиљановска Давкова и Румен Радев во Баку/Фото: Фото: БНТ

Сиљановска-Давкова: Солидарни сме со Бугарија по катастрофалните поплави

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази длабоко сочувство до бугарскиот народ поради катастрофалната поплава што ја погоди соседната земја.

„Веста за катастрофалната поплава длабоко ме вознемири мене и сите македонски граѓани. Солидарни сме со вас и со бугарскиот народ. Жалиме за жртвите и на нивните најблиски им изразуваме искрено сочувство. Со вас сме во овие тешки моменти и ги доживуваме како свои,“ напиша претседателката на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), упатувајќи порака и до бугарскиот претседател преку означување на неговиот профил @PresidentOfBg.

Од Кабинетот на претседателката информираа дека Северна Македонија е подготвена да понуди помош и поддршка на бугарските власти, доколку биде побарана.

Бугарскиот претседател по телефонскиот разговор со македонската претседателка изрази благодарност за понудената помош и објави на социјалната мрежа Х дека Северна Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите во Бугарија.

Русинка е четвртата жртва во поплавите во Бугарија – телото било најдено закопано во кал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот