Сиљановска-Давкова на состанокот на Советот на НАТО / Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Сиљановска-Давкова пристигна на состанокот на Советот на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пристигна во просториите каде што се одржува Самитот на НАТО во Хаг, Холандија. Таа ја предводи македонската делегација во која се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Предвидено е претседателката да учествува на состанокот на Советот на НАТО на кој ќе се обратат генералниот секретар на Алијансата Марк Руте и холандскиот крал Вилем-Александер. По завршувањето на официјалниот дел на Самитот, кој е затворен за јавноста, Сиљановска-Давкова ќе има средба со претседателот на Летонија.

Вчера македонската претседателка присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на Самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.

Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Генералниот секретар на постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на која искажа загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакна потребата од праведен и постојан мир.

Во фокусот на Самитот во Хаг е предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства којшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот БДП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот