Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со професори од Универзитетот Хамболт од Калифорнија, предводени од професорот Ник Ангелов, Македонец по потекло и професорот Љубен Тевдовски, од Универзитетот „Гоце Делчев“, раководител на македонско-американскиот тим којшто врши археолошки истражувања на македонска почва. На средбата присуствуваа и деканката на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Емилија Петрова-Ѓоргиева и проф. д-р Верица Јосимовска, шеф на Катедрата за историја и археологија.

Како што соопшти денеска претседателскиот Кабинет, професорите ја информирале претседателката за интензивната соработка на двата универзитета на полето на археологијата и ја запознаа со вредните ископувања во реоните на Битола, Демир Капија и Охрид.

-Тие, преку презентирање на археолошките пронајдоци во странските стручни часописи и во медиумите, го промовираат македонското културно наследство, предизвикувајќи голем научен, но и поширок интерес за него, соопшти де Претседателката ја поздрави и охрабри македонско-американската научна археолошка активност, оквалификувајќи го нашето археолошко наследство како национална и цивилизациска културна вредност. Таа ја истакна вербата дека со меѓународна помош ќе ги реставрираме и направиме достапни за очите на домашната и светска јавност бројните археолошки артефакти, откриени на македонска почва, стои во соопштението.

Претседателката изразила подршка за проектот на двата универзитета, поздравувајќи ја размената на студенти, од една страна, но и важноста на археолошките пронајдоци за развојот на културниот туризам, од друга.

-Воодушевени од македонското културно наследство, американските професори изјавија дека се изненадени од археолошката разновидност, од една страна, но и од староста и слоевитоста на историјата, од друга, што е голем научен и човечки предизвик за сите нив!, информираат од Кабинетот на претседателката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот