Сиљановска - Давкова на средба со претседателот на Латвија ФОТО: Кабинет на претседателката

Сиљановска – Давкова оствари средба со Едгарс Ринкевичс, претседателот на Латвија

Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, денеска, на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, оствари средба со претседателот на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс со којшто заеднички изразија задоволство од развојот на билатералните односи на двете држави.

Од Кабинетот на претседателката информираат дека на средбата бил нагласен тридеценискиот дипломатски однос помеѓу двете држави, којшто, како што стои во соопштението, се карактеризира со отворен и интензивен политички дијалог.

„Претседателот Ринкевичс ѝ упати покана на Сиљановска-Давкова и официјално да ја посети Латвија. Претседателката истакна дека Латвија е наш значаен партнер во НАТО и во Обединетите Нации и додаде дека ја цени принципиелната и доследна поддршка кон државава, како за време на процесот на пристапувањето во НАТО, така и во однос на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ“, стои во соопштението.

Претседателот Ринкевичс, додаваат, ги поздравил спроведените реформи на земјава како услов за влез во Европската унија и ја потврдил поддршката за македонската евроинтеграција, потенцирајќи дека Латвија се залага за проширување на Унијата со нови членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот