Фото: Кабинет на Претседател

Сиљановска Давкова образложува зошто стави вето: Веќе е уредено со закон како се употребува македонскиот и албанскиот јазик

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 31 декември 2024  испратила известување до претседателот на Собранието Африм Гаши дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за заштита на децата, поради спорни одредби во него. Таа спровела експертски консултации и анализа после кои бара од Собранието преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од предлог-законот. Собранието повторно треба да го разгледа законот во рок од 30 дена. Ако Собранието го изгласа законот со најмалку 61 глас претседателката е должна да го потпише.

Претседателката вели дека „начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните и неговото писмо, се веќе уредени со закон”.

Документот со образложението кој го објави  „360 степени“, открива дека претседателката смета дека посочените членови од законот треба да се преиспитаат низ призма на амандманот 5 од Уставот и постоечкиот закон за употреба на јазиците.

Сиљановска-Давкова укажува и на одредбата од членот 182, став 5 од Законот за заштита на децата каде е регулиран начинот на добивање, продолжување и одземање лиценца за работа, формата и содржината на образецот за лиценца кои ги пропишува министерот.

Верувам дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите од членот 9 и членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, што го донесе на 24 декември 2024 година и ќе креира јасни, прецизни и недвосмислени решенија во согласност со Уставот, пишува во документот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот