Гордана Сиљановска-Давкова / Фото: Кабинет на претседателот
Гордана Сиљановска-Давкова / Фото: Кабинет на претседателот

Сиљановска-Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова објасни зошто на венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј во Рим, не го пишувало името на земјата.

„Знаете дека тие ленти не се многу големи, разговаравме во кабинетот, имавме и разни мислења меѓу себе, на пример, јас имав мислење дека може РС Македонија бидејќи немаше простор. Но, некако на крајот рековме дека можеби бидејќи јас сум на чело на делегацијата, државна, црковна, ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам многу од нив, многу се логични. Македонија ја претставувавме таму. Но, веројатно во време кога, по мојот говор, по моето избегнување на говорницата на официјалното име на државата, по определувањето за Македонија, врз основа на правото на самоопределување или слободата на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Не мислам дека тоа е не знам каков проблем, ниту негирање на Македонија ниту негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата, кои сме ние. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, одговори Сиљановска-Давкова на новинарското прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот