Гордана Сиљановска Давкова, Тимчо Муцунски и Доналд Трамп на самитот на НАТО / Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова имаше куса средба со Трамп: Симболичен гест на почит и партнерство

Претседателктата Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на самитот на НАТО во Хаг имала куса средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство. Остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко“ напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.

Таа претходно имаше средби со претседателот на Чешка, Петр Павел и со премиерите на Естонија и Белгија, Кристен Михал и Барт де Вевер.

Сиљановска-Давкова во Хаг имаше средби со претседателот на Чешка и со премиерите на Естонија и Белгија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот