Претседателката Сиљановска-Давкова во НУУБ ,,Св. Климент Охридски - Битола/Фото: ПРСМ

Сиљановска-Давкова го честиташе јубилејот – 80 години НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола

Осумте децении работа на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на свеченоста по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на оваа Национална установа.

Претседателката ја истакна длабоката духовна и културна вредност на библиотеката, опишувајќи ја како „тврдина на идентитетот“ и „космос на знаење“.

Осврнувајќи се на улогата на библиотекарите, Сиљановска-Давкова ги нарече „храбри чувари на пишаниот збор“ кои се бореле против заборавот, цензурата и варварството низ историјата.

Таа нагласи дека и покрај напредокот на технологијата и дигиталниот свет, книгата останува темел на мислата и културното издигнување.

Претседателката, како библиофилка, сподели лична и емотивна приказна поврзана со признанието што ѝ беше врачено вчеравечер – момент што ѝ ги разбуди спомените на првата награда добиена уште во детството, токму за „најверна читателка“, признание коешто ја прејудицирало нејзината трајна сродност со книгите.

Во своето излагање таа оддаде почит и на делото на Горан Стефановски, потенцирајќи ја неговата способност да го опише духот на времето и да ги отвори вратите кон суштинските прашања на современото општество.

-Вљубена сум во книгите, во прашање е доживотна фатална врска меѓу мене и книгите, рече претседателката, испраќајќи силна порака за љубовта кон читањето.

На крајот, Сиљановска-Давкова го честиташе јубилејот, изразувајќи уверување дека библиотеката ќе продолжи да биде светилник на знаењето, дом на книгата и место каде што се гради иднината преку мудроста од минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот