фото: социјални мрежи

Сиљановска-Давкова домаќинка на албанскиот претседател Бегај

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој ќе престојува во работна посета на земјава.

Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, каде е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на фестивалот „Охридско лето“.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. издание на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.

За време на посетата, претседателот Бегај ќе биде придружуван од неговата сопруга Арманда Бегај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот