Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Камчатка, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

По силниот земјотрес, беше прогласена закана од цунами за Камчатка и Курилските Острови, соопшти гувернерот на рускиот регион, Владимир Солодов.

Според Руската геофизичка служба, земјотресот бил со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар се наоѓал на 123 километри од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 46,8 километри.

Сите служби во регионот Камчатка се ставени во состојба на зголемена готовност и во моментов нема информации за разурнувања или сериозни штети, објави Солодов. Според пресметките на регионалното Министерство за вонредни ситуации, во населените подрачја, се очекува брановите да бидат „не повисоки од 26 сантиметри во Алеутскиот општински округ, не повисоки од 37 сантиметри во Општинскиот округ Уст-Камчатски и не повисоки од 9 сантиметри во Градскиот округ Петропавловск-Камчатски“.

Највисоките бранови до 120 сантиметри се можни во областа на ’Ртот Мајачни и плажата Халактирска.

На жителите им беше кажано да се оддалечат од брегот, а на бродовите во крајбрежните води им беше советувано да „се сместат во океанот над 50-метарската изобат. Курсот треба да биде директно кон брегот“.

Гувернерот ги повика граѓаните да останат смирени и да обрнат внимание на информациите од официјални извори. Раководителот на сеизмолошката станица Јужно-Сахалинск, Елена Семенова, изјави дека е прогласена закана од цунами и во Северо-Курилскиот округ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот