фото: Земјотрес, магнитуда

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во југозападниот брег на островот Евија во Грција, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Потресот се случил 27 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил на 37 километри североисточно од Атина и на 14 километри од градот Неа Макри. Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил проследен со силен звук и почувствуван во целата област Атика, поширокиот регион на Атина.

Според грчките медиуми, засега не се пријавени повредени лица и материјална штета.

По овој земјотрес, во околината на градот Неа Стира, биле регистрирани уште неколку потреси чиј интензитет бил до 2,8 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот