
Сикорски: Испораките на оружје од Америка за Украина преку Полска продолжија, „Старлинк“ работи
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска изјави дека може да потврди дека испораките на оружје од Соединетите Држави за Украина преку Полска се обновени и дека сателитските интернет услуги на „Старлинк“ работат.
Препорачано
Сикорски, заедно со украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сабиха во Варшава изјави за новинарите дека Полска е задоволна од новите предлози за постигнување прекин на огнот во Украина, пренесува Ројтерс.
Претходно украинските медиуми објавија дека американската воздухопловна компанија „Максар технолоџис“ го вратила пристапот до сателитските снимки на Украина.
Варшава е најголемиот донатор на Украина во финансирањето на терминалите за вселенскиот комуникациски систем „Старлинк“, кој е клучна алатка во борбата против руската инвазија.
Сикорски претходно објави дека полското Министерство за дигитализација е еден од најголемите даватели на „Старлинк“ за Украина, а Варшава финансира половина од 42.000 терминали на „Старлинк“ кои работат во земјата со 46 милиони евра годишно, пренесува Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5