
Сијарто: Трамп е единствената надеж за завршување на војната во Украина
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денес, по телефонскиот разговор со својот американски колега Марко Рубио, дека претходните месеци покажаа дека американскиот претседател Доналд Трамп сега е „единствената надеж“ за завршување на војната во Украина и враќање на мирот во Централна Европа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сијарто оцени дека, и покрај знаците за ескалација на војната во Украина, Трамп сè уште е посветен на мирот. Тој нагласи дека процесот на постигнување мир меѓу Украина и Русија е „исклучително тежок“ и дека е жално што настаните од последните неколку дена укажуваат на ескалација на конфликтот.
Тој додаде дека многу европски политичари работат против американските мировни напори, пренесува МТИ. „Унгарија им дава сеопфатна поддршка на напорите на Трамп и се надева дека претседателот нема да се откаже, бидејќи тоа би значело губење на надежта за мир во регионот“, рече Сијарто. Тој додаде дека американскиот државен секретар му потврдил дека американскиот претседател „нема да се откаже и сака да воспостави мир во Централна Европа“, според соопштението.
„Ова е најдобрата можна вест за нас Унгарците, особено во светлината на многу сериозните и ескалирачки настани од изминатите неколку дена“, рече Сијарто. Тој истакна дека билатералните односи меѓу САД и Унгарија „влегоа во сосема нова димензија“ по инаугурацијата на Трамп, засновани на „апсолутно пријателство и меѓусебно почитување“.
Зборувајќи за снабдувањето со енергија во Централна Европа, Сијаро рече дека му пренел на Рубио како инфраструктурата во голема мера го одредува прашањето за снабдувањето со енергија, додавајќи дека Рубио бил „првиот и можеби единствениот западен политичар“ кој дал рационален аргумент во врска со инфраструктурата, географијата и физичката реалност на прашањето за снабдувањето со енергија.
Разговорот траел околу половина час и бил оценет како многу добар и пријателски. Стејт департментот објави дека во разговорот со Сијарта, американскиот државен секретар ја истакнал важноста од поддршка на мировниот процес насочен кон завршување на војната меѓу Русија и Украина преку преговори. Рубио и Сијарто разговарале и за стратешките напори за постигнување енергетска безбедност.