Андриј Сибиха / Фото: Белсат

Сибиха: За да се постигне праведен мир, потребен е притисок врз Русија, а не врз Украина

Украина е отворена за преговори за праведен мир, но клучот за примирје лежи во вршење притисок врз Русија преку санкции и меѓународна дипломатија, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Сибиха на прес-конференцијата, по состанокот на Лублинскиот триаголник, изјави дека за да се постигне праведен мир, потребно е да се изврши притисок врз Русија, а не врз Украина, пренесува Укринформ.

Сибиха, коментирајќи ја изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека е потребно да се изврши притисок врз Украина за да се одржи нова рунда преговори со Русија, рече дека ваквите изјави треба да се сметаат „како дезинформации, пропаганда и прикривање на вистинската реалност“.

„Ова е целосна лага, манипулација и искривување на фактите. Украина никогаш не била, не е и нема да биде пречка за мир“, нагласи Сибиха.

Сибиха рече дека Украина „ги поздравува сите мирни напори“ на американскиот претседател Доналд Трамп и европските сојузници, „за вклучување на сите дипломатски инструменти со цел да се запре руската агресија и да се постигне праведен и одржлив мир за Украина“.

Тој додаде дека украинската страна го покажа ова во Џеда, кога безусловно го прифати предлогот на американската страна за прекин на огнот, и во Истанбул, кога руската страна испрати делегација на ниско ниво, според него, „понижувајќи ја Америка, понижувајќи ги нејзините партнери и покажувајќи дека тие нема и не се подготвени суштински да разговараат за прекин на огнот или постигнување одржлив мир“.

Сибиха изјави дека Украина е навистина подготвена „за разговори, за консултации, за преговори“ со цел да се постигне праведен мир.

Според него, „веројатно најефикасната средба“ би била на ниво на украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин, на која би присуствувале и други лидери, пред сè Трамп, европски лидери и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“.

„Подготвени сме за такви преговори во кој било формат, на која било географија, со цел да се постигне праведен мир. Затоа, во оваа фаза, примирјето е фундаментален чекор. А за да се случи примирје, треба да извршиме притисок врз Русија, пакети санкции. Ова ќе ни овозможи да го добиеме посакуваниот резултат за сите – праведен мир“, нагласи Сибиха.

Денес во Лублин, Полска, се одржа состанок на министрите за надворешни работи на Украина, Полска и Литванија, на кој присуствуваа Сибиха, Радослав Сикорски и Кестутис Будрис, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!