Фото: CNN.com

„Си-ен-ен“ објави сторија за гестот на Пендаровски со малата Ембла

Посетата на претседателот Стево Пендаровски на домот на девојчето Ембла во Гостивар и средбата со нејзиното семејство денеска се најде и на страниците на глобалната мрежа „Си-ен-ен“.

Во прилогот се пренесува дека претседателот на државата го испратил 11-годишното девојче со даунов синдром на училиште, откако беше објавена приказната дека Ембла била дискриминирано во училиштето.

Ембла со задоцнување го почна второто полугодие од учебната година поради бојкот на родители на нејзини соученици, што минатата недела предизвика бурни реакции во јавноста и од надлежните институции.

Овој гест на претседателот Пендаровски наиде на позитивни коментари во јавноста, а беше поздравен и од организациите за заштита на човековите права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот