
Си Џинпинг: Кина и Русија ќе се спротивстават на политиката која се темели на сила
Кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека е уверен дека неговата посета на Русија ќе послужи за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји и ќе придонесе за зачувување на глобалната стратешка стабилност.
Препорачано
„За време на посетата, ќе се сретнам со претседателот Путин за да имам длабинска размена на мислења за билатералните односи, практичната соработка и главните меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес, со цел енергично да се промовира развојот на сеопфатното стратешко партнерство и соработка меѓу Кина и Русија во новата ера“, го цитираше кинеското Министерство за надворешни работи Си Џинпинг во писмената изјава објавена по неговото пристигнување во Москва.
Кинескиот претседател истакна дека Кина и Русија „ќе соработуваат за да ги заштитат достигнувањата на победата во Втората светска војна, цврсто ќе го поддржуваат меѓународниот поредок заснован на меѓународното право, ќе се спротивстават на хегемонијата и политиката на моќ, ќе практикуваат вистински мултилатерализам и ќе промовираат изградба на поправеден и поразумен систем на глобално управување“.
Претходно беше соопштено дека кинескиот претседател Си Џинпинг допатува во Москва во официјална посета која ќе трае до 10 мај.
За време на официјалната посета, Си се очекува да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и да учествува на настани посветени на 80-годишнината од Победата над фашизмот, пренесува Интерфакс.