
Шведскиот производител на батерии инвестира милијарди во Германија
Шведскиот производител на батерии „Ватенфал“, објави дека планира да инвестира повеќе од пет милијарди евра во секторот за обновлива енергија во Германија до 2028 година. „Германија е пазар со највисока стапка на раст во Европа“, изјави главниот финансиски директор на германската филијала на „Ватнефал“, Роберт Зуравски, пишува Индекс.хр. Побарувачката на електрична енергија во Германија се очекува да порасне за 40 отсто до 2030 година, а може да се удвои до 2045 година.
Препорачано
„(Во Германија) гледаме широк спектар на можности за развој за нашиот растечки бизнис во секторот за производство на нефосилни горива и енергетски услуги“, рече Зуравски. Целта е да се зголеми капацитетот за производство и складирање енергија, со планови за изградба на соларни паркови со моќност од 500 мегавати и големи батерии со капацитет од 300 мегавати годишно, се вели во соопштението на Ватенфал. Треба да се комбинираат технологии за да се ублажи влијанието на осцилациите во производството на електрична енергија во фотоволтаичните системи, објаснуваат оттаму.
Компанијата во моментов гради ветерни електрани Нордлихт 1 и 2 со капацитет од 1,6 гигавати во Северното Море, кои треба да се приклучат на мрежата до 2028 година. Во производството на електрична енергија, „Ватенфал“ се фокусира на партнерства со индустријата, која сè повеќе се префрла на „позелени“ извори на енергија. Примерите вклучуваат договори со производителот на челик „Салцгитер“ и со хемиската компанија „Евоник“.