Фото: EPA-EFE/FREDRIK SANDBERG SWEDEN OUT

Шведски дипломат пронајден мртов откако бил уапсен под сомнение за шпионажа

Висок шведски дипломат е пронајден мртов откако беше уапсен под сомнение за шпионажа.

– Безбедносната служба SAPO го приведе мажот во недела и го држеше на испрашување до среда – соопшти шведското обвинителство, пишува Телеграф.рс.

Сепак, властите не потврдија дали починатиот дипломат е истото лице кое претходно било уапсено.

„Ја видовме информацијата објавена од Министерството за надворешни работи, дека еден од нивните вработени починал. Не можеме да потврдиме дека станува збор за лице кое претходно било уапсено и осомничено за шпионажа“, изјави портпаролот на SAPO, Јохан Викстром.

Неговиот адвокат, Антон Странд, му оддаде почит, но одби да ја коментира причината за смртта.

„Не можам да навлегувам во деталите од истрагата. Постои забрана за давање информации за спроведените истраги“, додаде тој.

Сепак, тој истакна дека дипломатот отишол во болница веднаш по неговото пуштање, а потоа поднел кривична пријава против полицијата за несоодветно однесување и напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот