Орце Ѓорѓиевски - Каја Шукова / Фото: „Слободен Печат“/Методи Здравев, Слободан Ѓуриќ

Шукова вели дека телевизиска дебата е откажана зашто Ѓорѓиевски не се појавил

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Каја Шукова, изјави дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, одбил да учествува на дебата во емисијата „Само Вистина“ на „Канал 5“, замислена како соочување на сите кандидати за градоначалници на главниот град.

„Во понеделник требаше да се одржи дебата во емисијата „Само Вистина“, соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Јас бев поканета и целосно подготвена да се појавам, затоа што граѓаните заслужуваат отворена расправа за иднината на градот. Но, емисијата беше откажана затоа што Орце Ѓорѓиевски одби да учествува. Ова е уште еден доказ дека кога треба да се соочи со аргументи, тој избира бегство и изговори. Јас сум подготвена за дебата, секогаш и секаде. Скопје заслужува транспарентност, а не кандидати кои бегаат од јавна одговорност“, напиша Шукова на „Фејсбук“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот